Достапни линкови

Садик Кан е новиот татко на Лондон


Пратеникот на опозициската Лабуристичка партија Садик Кан станановиот градоначалник на Лондон. Тоа е првиот градоначалник на Лондон со муслиманска вероисповест. 45 годишниот син на пакистански имигрант кој жвотот го поминал како возач на автобус во Лондон го победи конзервативниот ривал 40 годишниот син на богат магнат Зак Голдсмит.

Во текот на кампањата Голдсмит го обвинуваше Кан дека ги поддржува исламските екстремисти, но за тоа беше критикуван дури и од членовите на Конзервативната партија.

Градоначалниците на Париз и Њујорк веќе му ја честитаа победата на својот лондонски колега Кан. Садик Кан ќе го наследи Борис Џонсон, кој беше градоначалник од редот на Конзерватиовците изминатите 8 години.

XS
SM
MD
LG