Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во Канада, пожарите не стивнуваат


Властите во провинцијата Алберта во Канада прогласија вонредна состојба по големиот шумски пожар кој ги принудинад 100 илјадижители на Форт Мекмари да го напуштат градот. Надлежните соопштија дека пожаротбрзо се шири и може дауништи голем дел од градот.

Пламените во Алберта до моментов опфтија 100 илјади хектари шума, вклучувајќи и 2 илјади домови околу градот кои во целост се изгорени. Владата прогласи вонредна состојба во целата богата со нафта провинција. Повеќе од 1100 пожарникари се борат со 49 одделни огништа во неа, од кои 7 се тотално надвор од контрола. Справувањето со пламенот ќе потрае “многу недели”, изјави еден од раководителите на противпожарната служба на Алберта Чад Морисон. Во пожарите изгорени се и до 90% од одделни населби во Форт Мекмари.

XS
SM
MD
LG