Достапни линкови

Временска прогноза: Сончево со малку дожд


Денеска се очекува времето претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре температурата ќе биде без поголеми промени, утринската од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура.

XS
SM
MD
LG