Достапни линкови

Во Косово две лица обвинети за тероризам


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Косово поднесе обвиненија за тероризам против двајца етнички Албанци, бидејќи наводно се вклучиле во групата на Исламската држава во Сирија.

Во денешно соопштение, канцеларијата на Обвинителството наведува дека двајцата ја напуштиле Приштина во ноември 2013 година и заминале за Турција, а потоа стигнале во градот Азас во Сирија, каде биле обучени и вооружани од страна на бунтовничката група Ал - Нусра фронт.

За нив се верува сека учествувале во борби, пред да се вратат во Косово три месеци подоцна. Се уште не е јасно дали се уапсени.

Ако обвиненијата се докажат можат да им бидат изречени затврски казни до 10 години.

Властите велат дека околу 70 косовски граѓани се активни во борбите во Сирија и во Ирак.

XS
SM
MD
LG