Достапни линкови

ОН ќе го истражува нападот на бегалскиот камп во Сирија


Шефот на експертите за човекови права на ОН изјави дека ќе ги истражат вчерашните смтоносни воздушни напади, во кои беа убиени 28 луѓе во бегалски камп во Сирија.

Зеид Раад ал – Хусен денеска изјави оти е „многу неверојатно нападите да биле несреќен случај“ и дека е можно да станува збор за воено злосторство.

Тој истакна дека извештаите дека нападите биле извршени од страна на сириските авиони, истот така треба да бидат потврдени.“

Сириската Армија негира дека нивните авиони биле вклучени во нападот и сугерираат дека опозициските сили се одговрни за него.“

Франција и неколку други земји претходно го осудија нападот во северна Сирија и повикаа да биде направена истрага.

XS
SM
MD
LG