Достапни линкови

Опозицијата во Молдавија против присуството на САД на Денот на победата


Комунистичкиот лидер, Владимир Вороњин.

Комунистичкиот лидер, Владимир Вороњин.

Про-руските политичари во Молдавија ги засилија нивните противења на плановите на Владата да покани американски трупи и воена опрема, на прославата на годишнината од крајот на Втората светска војна, на 9 мај во главниот град.

Околу 200 војници на 3 мај пристигнаа во Молдавија за одржување на заедничките воени вежби со молдавската Армија.

Молдавскиот лидер на Комунистичката партија, Владимир Вороњин во писмо испратено до амбасадорот на САД во Молдавија, Џејмс Петит, вели дека американското воено присуство на Денот на победата во Кишињев ќе биде „голема грешка“ со „несогледливи последици.“

Американската амбасада не го коментираше писмото.

Иако Молдавија официјално е неутрална, нејзината про-западна Влада има добри односи со НАТО.

XS
SM
MD
LG