Достапни линкови

Откриени 29 мигранти во српски камион


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министерството за внатрешни работи (МВР)соопшти дека при полициска контрола на товарно моторно возило марка „Ивеко“, со српска национална ознака, вчера утрото биле пронајдени 29 мигранти. Возилото било управувано од стана на 23-годишен српски граѓанин Н.Т.

Контролата била извршена на стариот пат Удово - Демир Капија, во близина на крстосницата за село Клисура, информираат од МВР. Четворица од пронајдените мигранти се од Пакистан, а 25 од Авганистан.

„Лицата се приведени во полициската станица Неготино, а против српскиот државјанин е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „криумчарење мигранти“. Од страна на судија за претходна постапка, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.

XS
SM
MD
LG