Достапни линкови

Обиди за решавање на територијалниот спор меѓу Јапонија и Русија


Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, за продлабочување на односите меѓу двете земји и да се обиде да го реши долгогодишниот територијален спор.

Односите меѓу Токио и Москва со децении се нарушени поради спорот за Курилските острови, кои советските трупи ги заземаа на крајот на Втората светска војна.

Тензиите околу островите беа пречка двете земји да потпишат мировен договор за официјално ставање крај на војната.

„Ова е комплексен, повеќеслоен проблем којшто може да биде решен само на начин прифатлив за двете страни, преку уште подлабоко партнерство меѓу двете земји“, изјави главниот советник за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков.

На состанокот во Сочи „веројатен е итен и сериозен напредок“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочувајќи дека Москва се надева на воспоставување „конструктивна атмосфера во билатералните односи.

Тензиите во последно време исто така пораснаа откако Јапонија им се приклучи на западните земји во воведувањето санкции кон Русија поради случувањата во Украина.

Јапонските медиуми известуваат дека американскиот претседател Барак Обама, на почетокот на годинава побарал од Абе да не оди на посета кај Путин, поради санкциите и поради западните напори да ја изолираат Москва.

Но, Абе истакна дека американските и европските лидери и покрај санкциите одржуваат контакти со Москва.

Путин минатиот месец изјави дека ја почитува волјата на Абе за посетата и покрај притисокот од партнерите, особено САД.

XS
SM
MD
LG