Достапни линкови

Спомениците од „Скопје 2014“ се дивоградби, ад хок решенија, преку нив се испрани многу пари и герила акциите против нив се оправдани, вели професор Јасна Котеска. Дел од граѓаните сметаат дека револтот веќе не може да се контролира.

Негативните критики за герила акциите против спомениците се апсолутно неприфатливи по ниеден основ, вели универзитетскиот професор Јасна Котеска. Таа истакнува дека спомениците се дивоградби бидејќи не се поминати низ никакви правни процедури и оти проектот е перална за пари кој чини над 640 милиони евра. Во проектот не учествуваат уметници како што сака да претстави Владата, туку учествуваат тројца главни автори и пет изведувачи без искуство во работата за неокласични објекти, вели Котеска. Правејќи паралела таа вели дека Скопје 2014 и она што се случува со Шарената револуција е како да ви влезе крадец дома и да ви зема 1.000 евра, да потроши 30 евра расфрлајќи пластични предмети врз дотогашниот мебел а другите да ги земе со себе на Кајмански острови.

А најсмешното е што по прислушуваните разговори да дознаеме дека станува буквално збор за ад хок решенија каде што Груевски му се јавува на Миле и му вели - ми текна, видов една разгледница, јас сакам таква фонтана да ми направиш во Скопје.

„И вие со месеци живеете меѓу таа пластика, гипс и стиропор и одеднаш прснете со дезодоранс врз некој од нив и вашите соседи се бунтуваат дека тоа е акт на хулиганство, кога вие сте во една симболична и фактичка смисла ограбен, нападнат и предмет на хулиганство од друг човек.“

Котевска вели дека Скопје 2014 ќе се распадне за кратко време укажувајќи дека во планот направен по земјотресот од Кензо Танге, еден од принципите е дека под левата страна на Вардар не смее да се гради зошто тие објекти не го издржуваат тестот на времето.

„А најсмешното е што по прислушуваните разговори да дознаеме дека станува буквално збор за ад хок решенија каде што Груевски му се јавува на Миле и му вели - ми текна, видов една разгледница, јас сакам таква фонтана да ми направиш во Скопје.“

По вчерашните протести кои беа во знакот на 5 годишнината од убиството на Мартин Нешкоски и една година од објавувањето на „бомбата“ за него од страна на СДСМ, поголем дел од плоштадот во Скопје е испишан со графити со црвена боја и ишаран со црвени дланки. Дел од граѓаните велат дека станува збор за револт кој повеќе не може да се контролира, други сметаат дека судска обработка на сите обвиненија кои произлегоа од нелегално прислушуваните материјали треба да стави крај на сите злоупотреби и манипулации, додека некои во обојувањето на дел од институциите гледаат деструкција, навидум слични реакции како и на политичката сцена.

„Има револт кај луѓето и секогаш кога се револтирани нема како и го изразуваат. Но не со уништување. Некој можеби ќарил од тоа, има институции нека си водат постапки за тоа.“

„Го коментирам како гнев на луѓето поради парите фрлени на такви работи. Хидроенергетски потенцијали, инфраструктура, патишта, имаше многу попаметни работи отколку вака да се фрлаат, во ваков стил и со толку пари“, велат анкетираните граѓанини.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG