Достапни линкови

Турција изврши напади на ПКК во северен Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Турската армија денеска изврши воздушни напади врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак, соопшти Генералштабот на турската армија.

Во нападите во реоните на Гара и Хакурк, биле уништени цели на борците од ПКК. Во изјава на Генералштабот на турската армија е наведено дека авионите се вратиле во Турција, по завршувањето на операцијата којашто е оценета како успешна. Бунтовниците од ПКК имаат бази во Северен Ирак.

Во јули минатата година беше ставен крај на двегодишното примирје меѓу ПКК и турската држава. Според податоците на турската Влада, оттогаш се убиени речиси 400 војници и полицајци и неколку илјади борци.

XS
SM
MD
LG