Достапни линкови

Воздушен напад врз бегалски камп во Сирија


Сириски опозициски активисти јавија дека во воздушен напад врз еден бегалски камп во северна Сирија, во близина на границата со Турција, загинале 28 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека станува збор за камп во близина на Сармада, во провинцијата Илдиб. Се уште не е јасно кој го извршил нападот до кој дојде само неколку часа откако во двоен бомбашки напад во централната провинција Хомс загинаа најмалку десет луѓе. Никој не ја презеде одговорноста за овие напади, но новинските агенции јавија дека тоа би можело да бидат милитантите на ИД кои и претходно вршеле напади во таа провинција.

XS
SM
MD
LG