Достапни линкови

Шулц: Европа е неисполнето ветување


претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

„Европа претставува ветување кое не е исполнето спрема генерациите кои се принудени да се жртвуваат за спасување на банките“. Ова го оцени претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на состанокот во Рим за иднината на Европа. На собирот учествуваа и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и италијанскиот премиер Матео Ренци. Според Туск, илузија е да се сонува за една европска држава и за една европска нација. „Треба да прифатиме дека живееме во Европа со различни валути, политички сили. Најлошо е да се правиме дека тоа не го знаеме“, рече Туск.

XS
SM
MD
LG