Достапни линкови

Повторно гранатиран турскиот град Килис


Две ракети истрелани од територија под контрола на групата на Исламската држава во северна Сирија, паднале на територијата на пограничниот турски град Калис. При падот се ранети неколку лица, јавува БТА, повикувајќи се на соопштение на турските власти.

Турската артилерија ја гранатирала територијата од која биле истрелани ракетите, соопшти турската телевизија НТВ, и наведе дека во нападот биле убиени четворица џихадисти.

Утринава во Калис паднаа три ракети, од кои беа ранети четворица локални жители, потсетува ТАСС.

Градот Калис постојано е напаѓан од страна на ИД, и од почетокот на годината таму се убиени 19 лица.

XS
SM
MD
LG