Достапни линкови

Почна протестот пред СЈО, демонстрантите одбележуваат годишнина од 5 мај


Граѓани и денеска се собираат на протест пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство(СЈО). Во моментов таму има неколку стотини граѓани, а на социјалните мрежи граѓанското движење „Протестирам“ најави дека фокусот на денешните протести е ставен на годишнината од 5 мај, односно од ланските протести по објавувањето на бомбата на опозицијата за убиството на Мартин Нешкоски.

Во најавата на „Протестирам“ се вели: „Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да сокријат убиство.“

„Протестирам“ за денеска најавува протести и во Делчево, Охрид, Крива Паланка, Ресен, Градско, Карбинци, Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица, Битола и Гевгелија.

За денеска се најавени и контрапротести. Граѓанското движење за одбрана на Македониоја (ГДОМ) најавува протести во Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани, Битола и Ресен со барање за одржување на изборите, како што велат, „единствениот начин за ставање крај на агонијата во која се наоѓа Македонија.“

XS
SM
MD
LG