Достапни линкови

Пет цивили загинаа во експлозија во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Авганистанските власти соопштија дека експлодирала бомба поставена на пат, при што загинале пет цивили и петмина се повредени во оддаечената северозападна провинција Багдис.

Локалната полиција соопшти дека денешната експлозија се случила во областа Кадис во провинцијата Багдис бомбата погодила комбе со цивили.

Авганистанските власти ги обвинија Талибанците за нападот, иако досега за него никој не ја презама одговорноста. Властите се сомневаат дека е можно бомбата да е детонирана со далечински управувач.

Минатиот месец, Талибанците ја објавија нивната пролетна офанизва и една недела подоцна извршија масовен напад во главниот град Кабул, во кој беа убиени 64 луѓе.

Министерството за одбрана на 30 април соопшти дека владините сили започнале операции против Талибанците, во 18 провинции во Авганистан.

XS
SM
MD
LG