Достапни линкови

logo-print

Могерини и Аврамопулос во посета на Приштина


Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за бегалци Димитрис Аврамопулос денеска се во посета на Приштина, еден ден откако Европската Комисија предложи укинување на визите за граѓаните на Косово.

„Горда сум на предлогот за либерализација на визите. Ќе отпатувам за Приштина поради прослава и поради понатамошниот пат напред“, напиша Могерини на Твитер.

Предвидено е Могерини да се обрати на свечената седница во косовскиот Парламент и да се сретне со премиерот и претседателот Иса Мустафа и Хашим Тачи.

XS
SM
MD
LG