Достапни линкови

logo-print

Турскиот премиер Давутоглу поднесе оставка


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја објави својата оставка, отворојќи пат за претседателот Реџеп Таип Ердоган да преземе построга контрола на власта.

Оставката на Давутоглу нема да стапи на сила до 22 мај, кога владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) треба да одржи предвремен конгрес за да го замени како претседатрел на партијата.

Ердоган исто така е член на АКП, но во изминатиот период двајцата имаа несогласувања околу справувањето со курдските милитанти во југоисточна Турција.

Давутоглу ја навести можноста за продолжување на мировниот процес со Курдите, но Ердоган е посветен на воената кампања.

Во текот на минатата недела, турската парламентарна комисија одобри нацрт – закон предложен од АКП со кој на законодавците треба да им се одземе имунитетот од судско гонење.

Ердоган се залага за гонење на пратеници од про-курдската Демократска народна партија, под обвиненија за тероризам.

Ередоган исто така врши притисок за усвојување на уставни амандмани, со кои треба да се зајакнат неговите претседателски овластувања.

XS
SM
MD
LG