Достапни линкови

Жива запалена 16-годишна девојка во Пакистан


Племенски регион во Пакистан

Племенски регион во Пакистан

Пакистанската полиција денеска уапси 15 членови на племенскиот совет, обвинети за давање наредба млада девојка да биде жива запалена.

Саед Вазир - шефот на локалната полиција во градот Донга Гали, кој се наоѓа околу 50 километри северно од Исламабад, изјави дека 16-годишната девојка минатата недела била запалена по наредба на племенскиот совет.

Вазир рече дека племенскиот совет ја изрекол казната поради, како што тие сметаат, нанесување на непоправлива штета на угледот на селото.

Девојката била казнета бидејќи помогнала двајца партнери да избегаат од областа.

Властите велат дека мајката и братот на девојката се меѓу уапсените, бидејќи биле присутни на состанокот на племенскиот совет и наводно се согласите за казната.

Племенскиот совет често се свикува во северозападните региони на Пакистан за решавање на локални проблеми. Но, нивните нареби немаат правна надлежност според пакистанските закони.

XS
SM
MD
LG