Достапни линкови

logo-print

Луѓето потешко ќе ги враќаат долговите


Зголемувањето на каматните стапки за тие кои позајмиле од банките ќе значи потешко враќање на долгот, а за тие кои имаат вложено пари постепено зголемување на каматите на влоговите.

Кој има пари, за нив ќе добива поголема камата, кому му треба кредит, ќе треба да плати повисока цена за него. До ова веројатно ќе дојде доколку зголемувањето на каматите на благајничките записи од страна на Народната банка се од подолгорочен карактер.

Луѓето и фирмите коишто имаат земено кредит од банките со оваа мерка може да очекуваат некакво, не можам веднаш да кажам дали мало или големо, меѓутоа некакво покачување на каматните стапки на нивните кредити и тоа значи потешко враќање. Од друга страна, пак, луѓето кои имаат штедни влогови може да очекуваат постепено да дојде до покачување на каматните стапки на своите влогови.

Професор Ванчо Узунов вели дека ефектите врз граѓаните ќе зависат од положбата во која се наоѓаат граѓаните, односно дали некој има вложено пари во банка или позајмил од таму.

„Луѓето и фирмите коишто имаат земено кредит од банките со оваа мерка може да очекуваат некакво, не можам веднаш да кажам дали мало или големо, меѓутоа некакво покачување на каматните стапки на нивните кредити и тоа значи потешко враќање. Од друга страна, пак, луѓето кои имаат штедни влогови може да очекуваат постепено да дојде до покачување на каматните стапки на своите влогови“, вели Узунов.

Несигурноста на граѓаните поради политичката криза предизвика зголемената побарувачка на девизи и вадење на парите од штедните книшки, по што Народната банка вчера ги зголеми основните каматни стапки од 3,25 на 4 отсто.

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа“, соопшти Народната банка на Македонија.

Еконимскиот аналитичар Слободан Најдовски вели дека изминатата недела гувернерот Димитар Богов неколкупати излезе во јавноста со изјави, но ниту еднаш не кажа колку денари се претворени во девизи, ниту колку девизи се купени. Тој вели дека доколку поголг рок се задржат новопропишаните каматни стапки или ако во најлош случај одат нагоре, тогаш и банките ќе ги зголемат каматите за граѓаните и за фирмите.

„Тоа би имало, според мене, негативен одраз и врз стандардот на граѓаните со кредити и по економијата во стопанството. Секако тоа граѓаните ќе го почуствуваат многу бидејќи автоматски ќе се кренат и каматните стапки на кредитните картички кои се повеќе ќе користат во државата и кои покажуваат нагорна линија во задолженост на граѓаните.“

Според него, одлуката на Народна банка ќе се одрази и на задолжувањето на државата.

„Сега ќе им доспеваат долгови коишто треба да ги враќа, меѓутоа ќе мора да се задолжува со повисока каматна стапка отколку што имаше досега, бидејќи е сосема нормално ако благајничките записи се со камата од четири проценти тоа да ја повлече каматата и на обврзниците со кои ќе се задолжува Владата.“

Банките велат дека вршат пресметки и оти за две недели ќе знаат дали и тие ќе ја следат политиката на централната банка и ќе ги зголемат каматите.

Професор Узунов вели дека доколу одлуката на Народна банка придонесе да се смири состојбата, да се смири паниката кај граѓаните, тогаш може постепено да се враќа нивото на штедење кај граѓаните.

„Но оваа мерка индиректно влијаа на тоа , нема веднаш да има директен ефект и граѓаните да почуствуваат – е сега може да се штеди повеќе“, додава Узунов.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG