Достапни линкови

Црна Гора: Опозицијата по седум месеци повторно во парламентот


Црногорската опозиција реши да се врати во парламентот, по повеќе од седум месеци бојкот поради несогласувањето со политиката на премиерот Мило Ѓукановиќ, вклучувајќи го и пристапувањето на Црна Гора кон НАТО. На синоќешните протести пратениците од опозицискиот Демократски фронт изјавија дека ќе се вратат во парламентарната сала „за да ги разобличат предавниците“ од другите опозициски партии. Вчерашната седница беше одложена бидејќи дојде до инцидент меѓу обезбедувањето на парламентот и пратениците од Демократскиот фронт, кои не дозволија да бидат претресени. На крај пратениците успеале да влезат во парламентот, да рашират натпис „Слобода или ништо“ и да скандираат „Мило Ѓукановиќ е крадец“.

XS
SM
MD
LG