Достапни линкови

НАТО се уште е витален, оцени новиот командант на Алијансата


генерал Кертис Скапароти

генерал Кертис Скапароти

Новиот врховен командант на НАТО за Европа американскиот генерал Кертис Скапароти изјави дека Алијансата останува клучен фактор и по над 25 години од крајот на Студената војна. „Во денешната предизвикувачка околина, трансатлантска соработка е потребна повеќе од кога било претходно“, изјави тој откако ја презеде команданта од американскиот генерал Филип Бридлав во военото седиште на НАТО во белгискиот град Монс. Односите меѓу Москва и западот се на најниско ниво откако Русија го анектира Крим од Украина во март 2014 година и ги поддржа сепаратистите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG