Достапни линкови

Ердоган упати предупредување до ИД


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди групата Исламска држава (ИД) дека ќе претпри големи загуби доколку продолжи со нападите врз Турција, пренесоа американските медиуми.

Ердоган кажа дека ниту еден напад врз турска територија и турски граѓани нема да остане неказнет.

Турската армија гранатира цели на ИД во северна Сирија како одговор на неколкумесечните ракетни напади, главно врз пограничниот турски град Килис.

Ердоган посочи дека ИД претрпела најголеми загуби заради операциите врз Килис и ќе продолжи да трпи уште поголеми загуби доколку овие активности не престанат.

Во последните месеци во Килис паднаа околу 50 ракети, истрелани од борци на ИД во Сирија, а во експлозиите загинаа приближно дваесет лица.

XS
SM
MD
LG