Достапни линкови

Мустафа: Визната либерализација е голем успех


Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска и се заблагодари на Европската унија и на шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар за добрите вести за визна либерализација за граѓаните на Косово.

„Тоа е голем успех“, истакна Мустафа по средбата со Жбогар во Приштина.

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска им ја честиташе на граѓаните препораката на ЕК за визната либерализација.

„По повеќе децениска изолација, нема повеќе да има чекања во ред пред амбасадите и одбивање на визи. Тоа не е подарок, ние ја заслуживме визната либерализација со нашата заедничка работа. Кога работиме заедно, нема граници кои би не запреле. Честитам за денешната визна либерализација и за вчерашното членство во УЕФА“, напиша Тачи на социјалните мрежи.

Претходно, високиот комесар на ЕУ за проширување Јоханес Хан денеска оцени дека предлогот на ЕК да бидат укинати визите „е заслужена награда за граѓаните на Косово“.

„Реформите даваат резултати. Продолжете да одите по европскиот пат“, напишта Хан на Твитер.

XS
SM
MD
LG