Достапни линкови

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата


Германија назначи специјален пратеник во посредувањето за решавање на длабоката политичка криза во Македонија, соопшти германското министерство за надворешни работи на својот Твитер профил. Според објавеното специјалниот пратеник ќе посредува во решавањето на кризата во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во Македонија.

„Министерот за надворешни работи Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, се вели во твитот на германското МНР.

XS
SM
MD
LG