Достапни линкови

Турција ја поздрави препораката на ЕК за укинување на визите


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска ја поздрави препораката на Европската комисија за визна либерализација со Турција како „нова страница“ во односите меѓу Анкара и Европска унија.

„Покрај тоа што е пресвртница кога станува збор за укинување на визите за нашите граѓани, ова одлука е и нова страница во идните односи со ЕУ, истакна Чавушоглу.

Турскиот министер за европски работи Волкан Бозкир на заедничката прес-конференција со Чавушоглу истакна дека се надева дека договорот за визна либерализација со ЕУ може да биде довршен до крајот на јуни.

„Турција смета дека ги исполнила сите 72 критериуми за укинување на визите за патување во ЕУ“, наведе Бозкир.

ЕК денеска им предложи на владите на земјите-членки на ЕУ да ги укинат визите за турските државјани до крајот на јуни под услов Анкара ако ги има исполнето сите 72 критериуми за визна либерализација.

XS
SM
MD
LG