Достапни линкови

Презентирана ревидирана Национална програма за усвојување на правото на ЕУ


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Република Македонија беше презентирана ревидираната Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) за 2016 година.

Како што информира Секретаријатот, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми се осврнал на актуелната политичка ситуација, нагласувајќи ја потребата од брзо наоѓање излезно решение, и истакнал дека наша единствена алтернатива за обезбедување европска иднина на земјата е спроведување на демократски, кредибилни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени.

„Воедно, од круцијално значење е натамошна агресивна имплементација на Итните реформски приоритети, обезбедување на препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори, продлабочување на добрососедските односи, решавање на отворените билатерални прашања и секако продолжување со проактивен и позитивен однос кон сите регионални иницијативи и воопшто регионалната соработка“, истакнал Адеми.

За Националната програма за усвојување на европското право, која е за периодот 2016-2020, Адеми подвлекол дека од 2006 година до сега Владата на Република Македонија и нејзината администрација, под координација на СЕП, а врз основа на наодите и препораките на Извештајот на Европската комисија, подготвува сеопфатна ревизија на НПАА, од сите аспекти - политички, правни, административни и финансиски.

XS
SM
MD
LG