Достапни линкови

Убиени тројца милитанти во Дагестан


Руските власти соопштија дека се убиени тројца милитанти во нестабилниот руски регион Дагестан. Рускиот Национален антитерористички комитет (НАК) денеска соопшти дека милитантите биле убиени во текот на ноќта за време операција во областа Кизилјурт во Дагестан.

Според НАК, сите тројца убиени милитанти биле вклучени во напади на полициски службеници, како и во шеми за изнудување, а еден од нив бил лидер на криминалната организација.

Дагестан стана епицентар на насилство за милитантите кои бараат да се воспостави исламска држава во Северен Кавказ.

Полициијата и владините претставници често се цел на нападите.

XS
SM
MD
LG