Достапни линкови

logo-print

Русија креира нови воени дивизии против НАТО


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека до крајот на 2016 година Москва ќе постави три нови воени дивизии на западот и на северот на земјата, како одговор на „зголемувањето на силите на НАТО во непосредна близина на руските граници.“

Руската војска создавањето на новите дивизии го објави во јануари, велејќи дека тоа е „одговор на интензивирањето на воените вежби на земјите на НАТО.“

Изјавите на Шојгу доаѓаат еден ден откако американскиот секретар за одбрана Еш Картер ја повика Русија да запре со „враќањето назад“ кон ерата на Студената војна со „ѕвечкање со оружје“ и со агресивни акции кои го ставаат НАТО во состојба на готовнсот.

Картер говореше во Германија на инаугурацијата на новиот европски командант на НАТО, генералот од САД Кертис Скапароти.

XS
SM
MD
LG