Достапни линкови

logo-print

Протест во Казахстан против приватизација на државно земјиште


Десетици луѓе денеска протестираа во западниот казахстански град Орал, против владината одлука за приватизација на државно земјиште.

Полициски кордон имаше на централниот плоштад, каде се собраа граѓаните на протест. Градските власти се обидоа да ги убедат демонстрантите да заминат, но толпата одбиваше тоа да го направи.

Наместо тоа, демонстрантите бараа средба со локалниот гувернер Алтаи Колгинов и официјално ветување дека земјата нема да биде продадена.

Протести против приватизацијата на државното земјиште од 24 април се одржаа во неколку градови, поради гласините за корупција и нетранспарентна продажба во која странци ќе можат да купуваат државно земјиште.

Владата вели дека на странците ќе им биде дозволено само да изнајмат државно земјиште.

XS
SM
MD
LG