Достапни линкови

logo-print

Косово чека визна либерализација


Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели за утре закажа свечена седница на Парламентот, уверен дека Европската Комисија ќе препорача визна либерализација за косовските граѓани, објавуваат косовски медиуми.

Медиумите нагласуваат дека се очекува на косовските пратеници в четврток да им се обрати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

„Сигурни сме дека ќе добиеме позитивна препорака и в четврток ќе одржиме свечена седница. Патот кон ЕУ продолжува. Не чека голема работа за да се приближиме до Европа“, изјави Весели.

На седницата повикани се и претставниците на опозицијата кои најавија дека денеска ќе одлучат дали ќе присуствуваат.

XS
SM
MD
LG