Достапни линкови

Картер ја предупреди Русија да не „ѕвечка со оружје“


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ја предупреди Русија да не се враќа назад кон ерата на Студената војна со „ѕвечкање на оружјето“ и со агресивни акции што го креваат степенот на тревога во НАТО. „Не сакаме од Русија да направиме непријател, но ние ќе ги браниме нашите сојузници“, рече тој на церемонијата во Штутгарт по повод поставувањето на американскиот генерал Кертис Скапароти за нов врховен командант на НАТО во Европа. Картер ја спомна руската интервенција во источна Украина, како и анексијата на Крим, а ја повика Москва да престане да ги заплашува соседите на Балтикот.

XS
SM
MD
LG