Достапни линкови

logo-print

Хан: Турција нема попуст за визната либерализација


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Турција нема да добие полесни услови од Украина, Грузија и Косово во обезбедувањето визна либерализација со Европската унија. Во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа тој ги отфрли наводите дека на Турција ќе и биде дадена визна либерализација побрзо од другите три земји поради договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегалскиот и мигрантски бран. Европската унија се очекува денеска да соопшти дека Турција ги исполнила повеќето критериуми за безвизен режим со Унијата. Хан оцени дека во текот на годинава граѓаните на Косово, Грузија и Украина ќе можат без визи да патуваат во Европската унија.

XS
SM
MD
LG