Достапни линкови

Трамп блиску до номинација за претседателки кандидат


Доналд Трамп

Доналд Трамп

Милијардерот Доналд Трамп се чини се приближи до претседателската кандидатура на Републиканската партија откако го победи неговиот главен ривал сенаторот Тед Круз на партиските избори во Индијана. Круз по поразот во Индијана рече дека се откажува од трката, по што раководството на Републиканската партија побара од членовите да се обединат и да се фокусираат врз тоа како да се порази Хилари Клинтон, можниот претседателски кандидат на Демократската партија. Клинтон и покрај поразот во Индијана од нејзиниот партиски ривал Берни Сандерс изгледа дека ќе ја добие номинацијата на конвенцијата во јули годинава.

XS
SM
MD
LG