Достапни линкови

Почна протестот пред СЈО, демонстрантите против корумпираното судство


Неколку стотици граѓани со сирени и знамиња попладнево протестираат пред Специјалното јавно обвинителство, како што велат против партизираното и корумпирано судство.

Тие носат големи знамиња за кои велат дека го симбилизираат името на нивната таканаречена шарена револуција. Во денешните најави за протестот на социјалните мрежи беше наведено:

„Во држава во која насилството од страна на власта е секојдневно, а несовршеноста на нивните злостори аболицирана, на тројца од нашите соборци за правда и демократија им е продолжен куќниот притвор. Затоа денес велиме доста! Доста ни е од селективна правда, од корумпирано судство кое им слугува на Груевски и неговата клика!, доста ни е од судска власт за која највисок „правен“ акт е партиската книшка!“, се вели во најавата за протестот.

XS
SM
MD
LG