Достапни линкови

Влошената состојба на слободата на медиумите во Косово


На меѓунаордниот ден на слобода на медиумите Асоциацијата на новинари на Косово (АГК) искажа загриженост за влошената состојба на слободата на медиумите во Косово.

Преку соопштение Асоциацијата потсетува дека да се биде новинар во Косово станува се потешко, бидејќи новинарите се соочуваат со притисоци и ограничување на просторот за слободно делување.

„Само во текот на 2014 и 2015 година АГК има евидентирано 27 случаи на напади, закани, притисоци, омлаоважувања и попречувања во работата на новинарите, што потврдува за раст на бројот споредено со претходните години, кога имало од 15 до 18 случаи“, стои во соопштението.

При тоа се потсетува дека освен нападите, заканите и притисоците од политиката, други целни групи и инситуции, новинарите се лишени и од елементарните права при работа.

Според статистиката од околу 400 членови на Асоцијацијата на новинари на Косово, 30 насто од новинарите работат во медиумите беа договор за работа и добиваат плата многу пониска од вложениот труд.

Асоцијацијата бара од косовските институции споредување на правните механизми за заштита на новинарите и создавање поволна клима за развој на слободата на изразување, како еден од основните елементи на демократијата.

XS
SM
MD
LG