Достапни линкови

Брисел исклучува кризно сценарио за Грција


Европската комисија денеска ја исклучи можноста од „кризно сценарио“ за Грција, слично на тоа што се појави во 2015 година кога земјата беше на работ на излегување од еврозоната.

Истовремено, Брисел изрази воздржан оптимизам за можностите идниот понеделник да биде постигната спогодба за грчките реформи.

„Нема никаква причина да се наметнува кризно сценарио за грчката програма затоа што сегашната ситуација е различна од таа што беше создадена минатата година и во однос на вкупната работа, економските резултати и реформите по кои во моментов течат преговорите“, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пиер Московиси.

XS
SM
MD
LG