Достапни линкови

Загина американски војник во Ирак


Припадник на групата на ИД во Мосул.

Припадник на групата на ИД во Мосул.

Американски војник денеска е убиен во борбите против милитантите на групата на Исламската држава во северен Ирак. Официјалните лица изјавија дека војникот бил убиен кога милитантите ги заземале курдските одбранбени позиции во близина на Мосул. Секретарот за одбрана на САД, Еш Картер го потврди случајот, нарекувајќи го „многу жална загуба.“ Висок претставник на курдските ирачки сили „Пашмерга“, изјави дека војникот бил убиен во близина на градот Тел Асков, кој од 3 мај е под контрола на милитантите.

XS
SM
MD
LG