Достапни линкови

logo-print

Не се одржа судското рочиште за „Пуч“


Претседателот на СДСМ Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“ денеска дојдоа во Основниот суд Скопје 1, но судењето не се одржа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува политичари и нивни соработници, меѓу кои и обвинетите во овој случај.

„Денеска бевме на рочиште кое е закажано пред месец и половина, токму на денешниот датум. Рочиштето не се одржа, бевме известени од службите од Судот дека нема да се одржи“, рече Заев.

Тој најави дека правото на правично судење ќе го бараат преку Апелација и Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, користејќи го членот 6 од Европската конвенција.

XS
SM
MD
LG