Достапни линкови

Хрватска и Бугарија: Земјите од Западен Балкан да ги исполнат критериумите за ЕУ


Хрватска и Бугарија го поддржуваат проширувањето на Европска унија со сите земји од Западен Балкан, но тие држави треба да ги исполнат неопходните критериуми, изјавија денеска во Загреб хрватскиот и бугарскиот министер за надворешни работи Миро Ковач и Даниел Митов.

„Согласни сме со политиката на проширување, го поздравуваме проширувањето и сакаме да исчезне црната дупка на европските карти и нашите југоисточни соседи еден ден да бидат интегрирани во ЕУ, но се разбира треба да ги почитуваат критериумите и да ги исполнат стандардите“, изјави Ковач по средбата со Митов, кој е во дводневна официјална посета на Хрватска.

Митов одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија ја поддржува хрватската блокада за отворање на поглавјето 23 од преговорите на Србија со ЕУ, тој посочи дека „проширувањето на ЕУ е многу важно“ и оти неговата земја ќе продолжи со поддршката.

XS
SM
MD
LG