Достапни линкови

Заеднички мониторинг центар на Русија и САД за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека е постигнат договор за формирање на заеднички центар на Русија и САД во Женева, кој ќе ги следи повредите на прекинот на огнот во Сирија.

Лавров го најави напредокот по денешните разговори во Москва со претставникот на ОН, Стефан де Мистура.

Де Мистура изјави дека обновените индиректни разговори во Женева, меѓу сириската влада и опозициските преговарачи, биле во насока на повторно воспоставување на прекинот на огнот во и околу градот Алепо, каде воздушните напади и копнените борби беа интензивирани во текот на минатите две недели.

Лавров изјави дека не постои можност за создавање на услови потребни за директни преговори меѓу сирискиот претседател Башар ал – Асад и сириската опозиција поддржана од Саудиска Арабија, САД и други западни земји.

Опозицијата бара Асад да се повлече од власт, како предуслов за директни преговори за мир.

XS
SM
MD
LG