Достапни линкови

logo-print

ДС предлага избор на експертска Влада


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Демократскиот сојуз (ДС) предлага свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада, а не политичка.

„Наместо да чекаме странците да нудат договори и да ни ги разрешуваат нашите проблеми, предлагаме сите одговорни луѓе да седнат на маса и да утврдат Платформа за излез од кризата, која го блокира целокупниот систем, евроинтеграциските процеси, која создава економска нестабилност и го нарушува нормалното одвивање на животот“, рече на денешната прес-конференција претседателот на партијата Павле Трајанов.

Трајанов појасни дека мандатарот треба да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно да ги формираат своите тимови.

Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите релевантни партии, граѓанскиот сектор, експертите, како и медиумите.

„Нема време за чекање, прв што треба да повлече потег е Ѓорге Иванов, да ја повлече аболицијата за креаторите на кризата и да влијае на смирување на состојбите“, оценуваат од ДС.

XS
SM
MD
LG