Достапни линкови

Косово стана членка на УЕФА


Косово стана 55 земја членка на УЕФА, откако денеска беше примена од страна на Евроспката фудбалска федерација и покрај силното противење на Србија, пренесува Ројтерс.

Годишниот Конгрес на УЕФА со 28 гласови „за“, и 24 против, ја прифати кандидатурата на Косово. Два гласа беа прогласени за неважечки.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на неговата фејсбук страница напиша: „Косово во УЕФА! Најдобрата вест за фановите во републиката. Сега ќе играме во меѓународните шампионати, во некои натпревари ќе победиме, некои ќе ги загубиме, но никој нема да не задржи надвор од зелените полиња.“

Пред гласањто, претседателот на Српската фудбалска федерација Томислав Караџиќ, го повика Конгресот да го одбие барањето, велејќи дека случајот е политички и дека се меша со спортот.“

„Ова е политички предлог, а не фудбалски“, рече Караџиќ.

Со ваквата одлука косовските клубови и репрезентацијата ќе можат да учествуваат во европските натпреварувања, а со тоа се отвора и патот земјата да аплицира за членство во ФИФА.

Косово следната недела ќе аплицира за членство во ФИФА и доколку биде прифатена ќе може да игра на квалификациите во 2018 година за следното Светското првенство.

XS
SM
MD
LG