Достапни линкови

logo-print

Одложено рочиштето за првите приведени демонстранти


Основниот суд Скопје 1 денеска го одложи рочиштето за двајцата демонстранти приведени на 13 април. Според обвинителниот акт тие се товарат за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Судијката денеска ја одложи постапката по барање на одбраната, затоа што обвинителството бара спојување на оваа постапка со уште еден предмет при што побарува оштета од 880 илјади денари. Судијката на рочиштето изјави дека нема да дозволи спојување на предметите и дека ќе му даде рок на обвинителството од еден ден да се произнесе за штетата.

Адвокатот Владимир Данаилов вели дека е неправично за сите обвинети да им биде ставена на товар оваа штета, која во обвинението не е покрепена со вешт наод туку паушално утврдена.

„Одевме како најдобра варијанта на признавање на вината, но кога признавате вина ги прифаќате автоматски трошоците и оштетното побарување за да се избегне тоа, побаравме обвинителниот предлог да биде прецизиран на најмалку солидарна одговност или по наш предлог со кој утре ќе настапиме да се оди на имотно побарување во друга цивилна постапка.“

Демонстрантите Никола Аризанов и Филип Наковски кои беа приведени на протестите на 13 ти април, се во домашен притвор и се единствени од првата група приведени кои добија кривични пријави.

Според полицискиот извешај двајцата приведени учествувале во кршење на инвентарот на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.

XS
SM
MD
LG