Достапни линкови

logo-print

Тензии поради руски авиони во близина на бродови на САД


Командантот на американската воена морнарица Џон Ричардсон изјави дека летовите на руски авиони во близина на американски бродови на Балтикот ги зголемуваат тензиите меѓу Русија и САД. „не мислам дека русите сакаат да испровоцираат инцидент. Мислам дека се обидуваат да испратат сигнал и да ни стават до знаење дека гледаат оти сме на Балтикот“, рече тој во Вашингтон. Според него, ваквите постапки ја зголемуваат шансата за „тактичка грешка“. Во петокот руски авион од типот „СУ27“ изведе маневар над еден американски брод на Балтичко море.

XS
SM
MD
LG