Достапни линкови

Награда за соработничка на РСЕ затворена во Азербејџан


Кадиџа Исмаилова

Кадиџа Исмаилова

Затворената азербејџанска новинарка Кадиџа Исмаилова на денешниот Ден на слободата на медиумите ќе прими награда од Обединетите нации за нејзиниот придонес кон слободата на медиумите во тешки услови. Исмаилова која е истражувачки новинар и соработник на Радио Слободна Европа во минатиот месец беше избрана да ја добие наградата УНЕСКО, Гиљермо Кано за 2016 година. Наградата од 25 илјади долари е именувана по Гиљермо Кано Исаза, колумбиски новинар кој беше убиен пред канцеларијата на неговиот весник во Богота во 1986 година.

XS
SM
MD
LG