Достапни линкови

На сè повеќе тетовци им е потребна помош од Црвен крст


Црвен крст Тетово

Црвен крст Тетово

Осиромашувањето на населението влијае и на донациите кои ги добиваат хуманитарните организации, но не е секогаш до парите. Има и луѓе што имаат, а не даваат, а има и сиромашни што сакаат да помогнат, велат граѓаните на Тетово.

Општинската организација на Црвениот крст во Тетово е место каде сè повеќе доаѓаат луѓе за да побараат храна, облека и средства за хигиена. Тоа што постојано се зголемува бројот на граѓани кои дошле да побараат помош ја отсликува состојбата со сè поголема сиромаштијата во градот, вели Ќатип Бесими, секретар во организацијата.

Можеме слободно да кажеме дека процентуално сега сите граѓани во Тетово, па и во Македонија имаат по некоја потреба за што било. Самата ситуација ја покажува бедотијата на населението. Многу се осиромашени граѓаните.

„Можеме да кажеме дека голем дел семејства имаат потреба. Тие коишто се обраќаат во Црвен крст се опслужуваат. Има некои кои се срамат да дојдат. Можеме слободно да кажеме дека процентуално сега сите граѓани во Тетово, па и во Македонија имаат по некоја потреба за што било. Самата ситуација ја покажува бедотијата на населението. Многу се осиромашени граѓаните“, смета Бесими.

Кога е голема сиромаштијата, дали има некој да донира за оние кои бараат помош, ги прашавме жителите на Тетово.

„Има луѓе што имаат, дават. Има луѓе што имаат многу, а не даваат. Има и сиромашно што сакаат да помагаат.“

„За помош, помагам на сиромаси луѓе некои.“

„Зависи од фамилијата, каква состојба е, ако може ќе помогне, ако нема, нема што да даде. Треба политичарите, државата да помогне, сега се осиромашени луѓето, нема толку за да помагаат.“
„Зависи, има и богати луѓе, а не се хумани, а има и сиромашни кои се хумани.“

„Зависи, јас колку имам ќе дадам, ама на право место ќе дадам, на секое место не давам.“

„По моите можности. Секој може, ама какви можности имаат. Има некој можност, па не дава. Некој нема можност, сака да даде, па нема. Хуманост не е само даваш пари. Хуманост е да му помогнеш на патот, со збор да му помогнеш, тоа е хуманост“, велат тетовци.

И во Црвениот крст потврдуваат дека економскиот стандард и статус влијае врз одлуките дали и колку да се донира. Во организацијата сепак најчесто се носи стара износена облека, а оние кои бараат помош прашуваат дали има храна и средства за хигиена.

„Генерално секогаш тетовци биле хуманисти и ја покажуваат својата хуманост. Тоа што донираат во општинската организација, ние тоа можеме да го делиме. Овде некој доаѓа бара исхрана, хигиена. Ние делиме тоа што донирале граѓаните. Ние им велиме не можеме овде по желба да ви дадеме. Порано имало многу појаки акции“, кажува секретарот.

За топол оброк и леб, околу 100 лица секојдневно се обраќаат во народната кујна во Тетово и така се прехрануваат.

Мајка Тереза, која важи за голем хуманист, рекла дека „Секој од нас чувствува дека тоа што го прави е само една капка во океанот. Но, ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка“.

XS
SM
MD
LG