Достапни линкови

Повторно тепачка во турскиот Парламент


Во комисијата на турскиот Парламент, која го разгледува предлогот на владејачката партија за укинување на судскиот имунитет на народните избраници, денеска повторно се случи хаос. Пратениците се гаѓаа со шишиња со вода, а некои разменија и тупаници, што доведе до прекин на седницата.

За време на дискусиите во комисијата минатиот четврток, исто така, имаше тепачка меѓу пратениците, а на петмина од нив им беше укажана и лекарска помош.

Комисијата расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува започнување на судски процеси против неколку пратеници од прокурдската партија по обвинение за тероризам. Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја обвини прокурдската Демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија (ПКК).

XS
SM
MD
LG