Достапни линкови

Нуклеарна соработка меѓу Иран и Чешка


Шефот на нуклеарната програма на Техеран, иранскиот заменик претседател Али Акбар Салехи, денеска ја посети Прага за да разговара за можни бизнис зделки во Чешка, по укинувањето на санкциите согласно нуклеарниот договор со светските сили.

Салехи денеска и утре треба да се сретне со чешкиот премиер, со министерот за надворешни работи, министерот за индустрија и трговија и со шефот на чешкото нуклеарно надзорно тело.

Чешкиот министер за надворешни работи соопшти дека на средбата ќе се фокусираат на развојот на билатералната нуклеарна соработка, а чешката влада соопшти дека таквите договори ќе придонесат за поголема меѓународна контрола на иранската нуклеарна програма.

Иран бара помош од европските земји за да ја подобри својата цивилна програма.

XS
SM
MD
LG