Достапни линкови

logo-print

Обиди за повторно воспоставување на прекин на огнот во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека разговорите со Русија и со партнерите од коалицијата против групата на Исламската држава „се доближуваат до точка на разбирање“, за повторно воспоставување на прекин на огнот во Сирија, вклучително и во областа околу Алепо.

Но, Кери во Женева исто така истакна дека „се уште треба да се завршат некои работи.“

Кери зборуваше пред почетокот на средбата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Абдел ал – Џубеир.

Џубеир ја осуди ескалацијата на борбите околу Алепо, нарекувајќи ја „крешење на сите хуманитарни закони.“

Тој ги обвини силите на сирискиот претседател Башар ал – Асад дека при нивните воздушни напади загинале стотици луѓе.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, утре во Москва ќе се сретне со претставникот на ОН, Стефан де Мистура на разговори за Сирија.

XS
SM
MD
LG