Достапни линкови

logo-print

Уапсен поранешен припадник на ОВК во Цирих


Швајцарските власти врз основа на обвинението од Србија уапсија Косовец, кој како поранешен припадник на поранешната Ослободителна војска на Косово се товари за воени злосторства над српски цивили во две косовски села, јавија приштинските медиуми.

Косовецот е уапсен во својот стан во Цирих, а Амбасадата на Косово во Берн побара објаснување, а интервенирал и косовскиот министер за правда Хајредин Кучи со писмо со швајцарскиот колега Симонет Сомаруги.

Србија бара екстрадиција на уапсениот Косовец, кој тврди дека не е виновен.

XS
SM
MD
LG